среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Претседателот на Португалија има коронавирус пред изборите на 24 јануари

Претседателот на Португалија има коронавирус пред изборите на 24 јануари

Седумдесет и двегодишниот Де Соуса се бори за освојување на втор претседателски мандат на изборите на 24 јануари.

Ребело де Соуса ги откажал сите ангажмани во јавноста и се изолирал во претседателската палата во Лисабон, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Минатата среда поминал неколку часа во „административна изолација“ откако член на неговата придружба бил позитивен, но претседателот тогаш бил негативен и не бил ставен во карантин, бидејќи неговиот контакт со дотичната личност се сметал за „низок ризик“.

Португалија се соочува со нови мерки на затворање по рекордните 122 смртни случаи во изминатите 24 часа и скоро 4.000 лица во болница во понеделникот.

Кампањата за претседателските избори на 24 јануари, кои официјално започнале во неделата, веќе е сведена на минимум и ќе биде прекината со најавата за ново затворање поради борба против инфекцијата.

Анкетите предвидуваат реизбор на конзервативниот де Соуса во првиот круг на гласање без кандидат официјално поддржан од владејачките социјалисти.

Коронавирус