вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 213
home Вести

Претседателот на Летонија е позитивен на Ковид-19

Претседателот на Летонија е позитивен на Ковид-19

Летонскиот претседател Егилс Левитс е позитивен на тестирање на коронавирус, соопшти денеска неговиот кабинет.

Позитивниот резултат е добиен откако вчера Левитс направил брз тест по враќањето од работна посета на Шведска. Сега ќе му биде направен и ПЦР тест, потврди портпарол од претседателскиот кабинет.

Левитс ја одложи денеска закажаната средба со новиот претседател на Естонија, Алар Карис, кој престојува во Рига. Наместо тоа, Карис се очекува да се сретне со претседателката на летонскиот парламент Инара Мурниче.

Во февруари, 66-годишниот Левитс беше еден од првите луѓе во Летонија кои се вакцинираа против коронавирусот, имунизирајќи се пред камерите за да ги охрабри неговите 1,9 милиони сонародници да го направат истото.

И покрај неговите напори, кампањата за вакцинација во Летонија се одвива многу бавно, а стапката на инфекција значително се зголеми во последните недели, принудувајќи ја Владата да прогласи вонредна состојба, која ќе остане во сила до 11 јануари 2022 година.

Локални избори 2021