среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел е во карантин поради близок контакт со лице заразено со коронавирусот.

Мишел строго се придржува до пропишаниот протокол, објавено е во Брисел.

Канцеларијата на претседателот на Европскиот совет претходно соопшти дека Мишел бил во близок контакт со службеник во обезбедувањето, кој бил позитивен на коронавирусот, со тоа што се возеле во ист автомобил.

Поради карантинот, Мишел мораше да го откаже самитот на лидерите на ЕУ закажан за 24 и 25 септември во Брисел, со кој требаше да претседава.

Портпарол на Мишел изјави дека претседателот на Европскиот совет последен пат бил тестиран на Ковид-19 во понеделникот кога резултатите биле негативни и дека сега се чека втор тест.

Самитот на лидерите на ЕУ засега е одложен за 1 и 2 октомври.

Кабинетот на Шарл Мишел одби да ги коментира можните ризици на кои биле изложени грчкиот премиер Мицотакис и кипарскиот претседател Анастасијадес, со кои Мишел се сретна претходниве денови.

Коронавирус