понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Претседателот на Ел Салвадор издаде дозвола за убивање

Претседателот на Ел Салвадор издаде дозвола за убивање

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле издаде наредба со која полицијата и војската добиваат овластување за употреба на „смртоносна сила“ во самоодбрана при пресметки со членови на банди за време на пандемијата на новиот коронавирус.

Букеле се огласи на Твитер по големиот пораст на убиства во текот на викендот, нагласувајќи дека одобрил такви мерки бидејќи криминалците ја искористиле фокусираноста на власта на борбата против Ковид-19.

– Полицијата и војската прво мораат да ги заштитат своите животи, животите на своите колеги и на чесните граѓани. Употребете смртоносна сила во самоодбрана или за да ги заштитите животите на граѓаните на Ел Салвадор, истакна Букеле.

Минатиот петок се убиени 24 лица, а во неделата во пресметки загинале 29 луѓе.

За ескалација на судирите полицијата ги обвини лидерите на банди, кои давале наредби од затвор.

– Ќе ги натераме убијците да жалат до крајот на животот поради она што го направиле, напиша Букеле на Твитер.

ЕУРО 2020

Македонија