четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 95
home Вести

Претседателот на Бурунди почина од срцев удар

Претседателот на Бурунди почина од срцев удар

Претседателот на Бурунди, Пјер Нкурунзиза почина како последица од срцев удар, соопшти владата на оваа земја на Твитер.

Според соопштението, на 55 годишниот претседател му се слошило во саботата за одбојкарски натпревар по што бил пренесен во болница.

Во неделата тој се чувствувал подобро, расзговарал со посетителите, но потоа состојбата му се влошила.

Лекарите дијагностицирале срцев удар и веднаш почнале со реанимација која била неуспешна.

Во Бурунди е прогласена седумдневна жалост.

Коронавирус