среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Вести

Претседателот на Австрија се вози со метро во Виена, како секој друг граѓанин во тој град

Претседателот на Австрија се вози со метро во Виена, како секој друг граѓанин во тој град

Ова не е прв пат претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, да користи градски превоз за да се движи низ Виена. Првиот човек на Австрија Ван Дер Белен повторно ја воодушеви јавноста и покажа дека функцијата, моќта и славата не го промениле.

Тој е фатен на слика како се вози со метро во Виена, како секој друг граѓанин во тој град. Не бил опкружен со обезбедување и цело време стоел и мирно го листал весникот кој го носел со себе.

Ова не е прв пат Ван дер Белен да користи градски превоз за да се движи низ Виена. Истото се случило и во јануари, а во таа прилика фотографијата ја сподели на својот Инстаграм профил.