недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на Аргентина се зарази со коронавирусот и покрај тоа што ги прими и двете дози на вакцината

Претседателот на Аргентина се зарази со коронавирусот и покрај тоа што ги прими и двете дози на вакцината

Претседателот на Аргентина бил тестиран на коронавирусот и покрај тоа што примил вакцина против вирусот на почетокот на годината.

62-годишниот Алберто Фернандез ја прими руската вакцина јавно во болницата во Буенос Аирес на 21 јануари, но во петокот добил температура од 37,3 и лесна главоболка, поради што беше тестиран.

За време на викендот направил брз антиген тест, потоа PCR-тест, по што дознал дека е позитивен, пренесува Daily Mail.

– Веќе сум изолиран, го следам валидниот протокол и ги следам упатствата на мојот личен лекар. Контактирав луѓе со кои се сретнав во последните 48 часа , рече Фернандез.

Медицинскиот тим на претседателот рече дека тој е „стабилен, асимптоматски, со параметри во нормални граници“.

Фернандез ги прими и двете дози вакцина Спутник V, првата во јануари и втората во февруари.

Коронавирус