четврток, 4. март 2021. Вести денес: 120
home Вести

Претседателот на Аргентина ја прими руската вакцина Спутник V

Претседателот на Аргентина ја прими руската вакцина Спутник V

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез денеска ја прими руската вакцина Спутник V против коронавирусот.

Фернандез (61) беше вакциниран еден ден откако аргентинската агенција за лекови ја одобри руската вакцина за употреба.

Тој на Твитер му се заблагодари на рускиот институт Гамалеја, кој ја разви вакцината, како и на здравствените работници во земјата за нивната посветеност.

Аргентина доби 600.000 дози руска вакцина, а нова испорака се очекува на крајот на јануари и во февруари. Исто така, ја одобри употребата на вакцината на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд и договори купување на 22 милиони дози.

Досега во Аргентина од Ковид-19 починале 45.000 луѓе, а повеќе од 1,8 милиони луѓе биле заразени.

Коронавирус