петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 164
home Вести

Претседателите на САД и Кина ќе имаат виртуелна средба пред крајот на годината

Претседателите на САД и Кина ќе имаат виртуелна средба пред крајот на годината

САД и Кина постигнаа начелен договор за виртуелна средба меѓу нивните претседатели пред крајот на годината. Ова го соопшти висок претставник на американската влада по вчерашните билатерални разговори на високо ниво, јавија американски медиуми. Разговорите меѓу советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан и кинескиот дипломат Јанг Џиечи, се одржаа зад затворени врати во хотел во близина на аеродромот во Цирих.

– По денешните разговори, имаме принципиелен договор за виртуелна билатерална средба пред крајот на годината, изјави американскиот претставник.

Според соопштението на Белата куќа, советникот на Бајден за национална безбедност, Саливен, на високиот кинески советник за надворешна политика, Јанг Џиечи, му ја истакнал потребата од отворање на канал за комуникација меѓу Вашингтон и Пекинг.

Локални избори 2021