сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Претседателите на Русија и САД со заедничка изјава за стратешката стабилност

Претседателите на Русија и САД со заедничка изјава за стратешката стабилност

Русија и САД ја потврдуваат својата посветеност на принципот дека никогаш не треба да се започнува никаква нуклеарна војна во светот. Ова се наведува во заедничката изјава на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден за стратешката стабилност, објавена на веб-страницата на Кремљ.

Во документот се вели дека „Русија и САД покажаа дека дури и во време на тензии тие се во состојба да постигнат напредок во остварувањето на заедничките цели за обезбедување предвидливост во стратешката сфера, намалување на ризиците од вооружен конфликт и закана од нуклеарна војна”.

„Неодамнешното обновување на Договорот за стратешко офанзивно оружје (нов СТАРТ) е доказ за нашата заложба за контрола на нуклеарното оружје. Денеска ја реафирмираме нашата посветеност на принципот дека не може да има победници во нуклеарна војна и таа никогаш не треба да биде потпалувана“, се вели во изјавата на лидерите по средбата на врвот Русија-САД во Женева.

Коронавирус