понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Престрелка пред седиштето на ЦИА

Престрелка пред седиштето на ЦИА

Најмалку еден агент на ФБИ денеска отвори оган врз вооружен маж кој се појавил на платото пред главниот влез во седиштето на ЦИА во Вирџинија, соопштија властите.

Во соопштението на ФБИ се наведува дека осомничениот излегол вооружен од својот автомобил, поради што агенти на ФБИ отвориле оган и го повредиле.

Напаѓачот, кој досега не е идентификуван, веднаш бил пренесен в болница и засега нема информации за неговата здравствена состојба.

– Го анализираме инцидентот и ќе настојуваме колку е можно побрзо да дојдеме до конкретни заклучоци, се додава во соопштението на ФБИ.

Коронавирус