сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Препорачани измени на условите за користење на лекот Ремдесивир против Ковид-19 во ЕУ

Препорачани измени на условите за користење на лекот Ремдесивир против Ковид-19 во ЕУ

Европската агенција за лекови денеска препорача усвојување измени на критериумите за издавање на условна лиценца за лекот Ремдесивир во Европа.

Целта е да се разјаснат условите под кои Ремедесивир може да се користи како терапија за Ковид-19.

Новите услови предвидуваат дека лекот може да се користи кај пациенти на кои им е потребен кислород или друга неинвазивна вентилација на почетокот на терапијата.

Ремдесивир веќе е индициран за употреба кај пациенти постари од 12 години, со минимална тежина од 40 килограми, кои имаат пневмонија и на кои им е потребна поддршка при дишење.

Коронавирус