сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Премиерот Трудо останува во самоизолација- неговата сопруга Софи се излекува од коронавирусот

Премиерот Трудо останува во самоизолација- неговата сопруга Софи се излекува од коронавирусот

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека ќе остане во самоизолација, иако неговата сопруга Софи се излекува од коронавирусот.

Трудо рече дека засега ќе остане внимателен, во изолација, бидејќи бил во иста куќа со некој кој бил позитивен на вирусот.

Тој додаде дека сопругата ги однела нивните три деца во летната резиденција на езерото Херингтон во Квебек.

Софи Трудо на 12 март беше позитивна за вирусот, откако доби симптоми по враќање од Лондон.

Премиерот на Канада и неговото семејство оттогаш беа во изолација дома, но Трудо и нивните три деца не покажале симптоми.

Коронавирус