среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина поднесе оставка

Претседателот на украинската Влада, Олексеј Хончарук, поднесе оставка од функцијата.

-Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка, напиша Хончарук на Фејсбук.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека ќе ја разгледа оставката на Хончарук.