петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 119
home Вести

Премиерот на Тунис поднесе оставка

Премиерот на Тунис поднесе оставка

Премиерот на Тунис, Елијас Факфак поднесе оставка, што би можело да ја доведе земјата во криза додека се обидува да се избори со негативните економски ефекти предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Факфак вчера ја доставил својата оставка до претседателот на Тунис, Каис Сајед.

Тунискиот премиер поднесе остава под притисок на Парламентот, кој бараше смена на Факфак поради конфликт на интереси.

Сајед сега треба да избере нов кандидат за премиер, но со оглед на поделеноста во Парламентот, можно е да бидат распишани и нови избори.

Коронавирус