петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Премиерот на Шри Ланка предупреди дека се уште постои закана од напади

Премиерот на Шри Ланка предупреди дека се уште постои закана од напади

Премиерот на Шри Ланка Ланке Ранил Викремесинге потврди дека во таа азиска земја, каде во неделата во неколку терористички напади загинаа повеќе од 300 луѓе, се уште постои активна закана.

Си-Ен-Ен пренесува дека Викремесинге на прес конференција изјавил оти „има луѓе со експлозив кои се уште се во бегство“.

Премиерот додаде дека не знае колку лица се во бегство.

Претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена изјави дека во наредните 24 часа очекува смени на челниците на одбранбените сили на земјата, затоа што не успеале да ги спречат нападите на бомбашите самоубијци во кои беа убиени повеќе од 300 луѓе, и покрај фактот што имале информации дека ќе има напади.

– Во целост ќе ја реструктуирам полицијата и безбедносните сили во наредните недели. Очекувам смени на шефовите на одбранбениот естаблишмент во рок од 24 часа, истакна Сирисена во обраќање кон нацијата емитувано на националната телевизија.

Коронавирус