Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, е позитивен на коронавирусот.
Тој го информирал претседателот Владимир Путин за својата состојба и ќе замине во самоизолација. Изјави дека ќе продолжи да работи од дома, во постојан контакт со колегите.
Ќе ја координира работата и неговите обврски ќе ги извршува преку видео конференции.
За вршител на должноста руски премиер е назначен првиот потпретседател на владата, Андреј Белоусов.