среда, 8. февруари 2023. Вести денес: 143
АКТУЕЛНО

Огромен број човечки жртви во земјотресот, Турција поместена за три метри

home Вести

Премиерот на Луксембург хоспитализиран поради коронавирусот

Премиерот на Луксембург хоспитализиран поради коронавирусот

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, кој на 27 јуни беше тестиран за Ковид-19 и притоа утврдено дека е позитивен вирусот, утрово е примен во болница, пренесува „Гардијан“.

Како што се наведува, направени му се дополнителни тестови и анализи, а ќе остане под медицински надзор 24 часа, поради претпазливост.

Откако беше утврдено дека е позитивен на коронавирусот, беше соопштено дека има благи симптоми и дека ќе биде во самоизолација десет дена.

Бетел (48) сам се тестирал, по што позитивниот тест е потврден и со ПЦР тест.  (МИА)