четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот на Киргистан, Садир Жапаров, најави претседателска кандидатура

Премиерот на Киргистан, Садир Жапаров, најави претседателска кандидатура

Киргистанскиот премиер, Садир Жaпаров, денеска изјави дека во следните неколку дена ќе поднесе оставка на позицијата вршител на должноста претседател на земјата за да може да учествува на претседателските избори, што ќе се оддржат на 10 јануари следната година.

-Претседателот на парламентот, Талант Мамитов, ќе ја преземе функцијата шеф на државата согласно Уставот на Киргистан, изјави Жапаров на прес-конференција.

Жапаров дојде на власт откако премиерот Соронбај Женбеков беше соборен од власта по минатомесечните протести.

Британскките медиуми пренесуваат дека првично беше планирано претседателските избори да се одложат до планираните уставни реформи во земјата, но по денешното соопштение се насетува дека ова веќе не е опција.

Жапаров вети дека, во случај да загуби на изборите, нема да ги оспори изборните резултати и дека ќе ги спречи неговите приврзаници да излезат на улиците.

Коронавирус