сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот на Холандија: Италија следниот пат треба сама да ги решава проблемите

Премиерот на Холандија: Италија следниот пат треба сама да ги решава проблемите

Премиерот на Холандија, Марк Руте изјави дека е за солидарност, но не во вид на бесповратна помош, туку кредити, при тоа додаде дека следниот пат кога Италија ќе се најде во ситуација, како по пандемијата, ќе мора да биде подготвена сама да ги решава проблемите.

– Логична е помош во вид на кредите за земјите како Италија и Шпанија и анализите на Европска Комисија потврдуваат дека двете држави се најпогодени од кризата по пандемијата со Ковид-19 и оти можат да издржат нови задолжувања, изјави Руте во интервју за италијанскиот весник „Кориере дала Сера“.

Неговата изјава предизвика остри реакции од речиси сите италијански партии, без оглед на иеолошката ориентација. Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека Италија ќе ја надмине кризата и оти се бараат „начини и сила“.

Европска Унија најави дека ќе и помогне на Италија со 750 милијарди евра бесповратна помош, а конечната одлука ќе биде донесена на средбата на премиерите на земјите-членки, што е закажана на 18 јули.

Но, изјавата на Руте покажува дека во ЕУ не постои единствен став за начинот на помош за најпогодените држави од пандемијата со новиот коронавирус.

Коронавирус