понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 64
home Вести

Премиерот на Франција во изолација, неговата сопруга позитивна на Ковид-19

Премиерот на Франција во изолација, неговата сопруга позитивна на Ковид-19

Францускиот премиер Жан Кастекс е ставен во изолација седум дена по контакт со неговата сопруга, која е позитивна на Ковид-19.

„Премиерот, кој ја прими првата доза на вакцината Астра Зенека на 19 март, тестиран е негативно“, соопшти синоќа кабинетот на премиерот.

„Поради близок контакт, тој ќе биде седум дена изолација, според санитарните правила“.

Кастекс вчера го одбележа првиот ден од новата фаза на олеснување на ограничувањата во Франција со посета на пазар на големо на периферија на Париз и спортска сала, а потоа се состана со министерот за економија Бруно Ле Мер и присуствуваше на состанок на Министерскиот совет во Елисејската палата за првпат од октомври.

Премиерот на Франција е принуден на изолација по третпат за помалку од една година.

ЕУРО 2020

Македонија