четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 93
home Вести

Премиерот на Белгија поднесе оставка

Премиерот на Белгија поднесе оставка

Белгискиот премиер Шарл Мишел денеска во парламентот соопшти дека поднесува оставка од функцијата и најави дека за тоа ќе го информира и кралот.

Одлуката на Мишел доаѓа откако социјалдемократите, заедно со Зелените, поднесоа иницијатива за гласање недоверба.

Неговата Влада пред десетина остана без мнозинство, откако десничарската партија Н-ВА ја напушти коалицијата во знак на протест поради одлуката на Белгија да го поддржи необврзувачкиот договор за глобална миграција на ОН.

Оставен со малцинска влада, Мишел ја отфрли идејата за предвремени избори. Националните избори во Белгија се закажани за мај 2019 година. (МИА)