среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Прекршено примирје во Либија: Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи

Прекршено примирје во Либија: Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи

Најмалку тројца цивили се убиени во напад врз либискиот главен град Триполи, што го предводеле силите на генералот Калифа Хафтар, јави агенцијата Анадолија.

Амин ал-Хашими, консултант за односи со јавност во Министерството за здравство, изјави дека силите на Хафтар денеска го гранатирале Триполи. Тој потврди дека во нападот загинале тројца цивили, а 19 се повредени, меѓу кои има и деца.

Ал-Хашими, исто така, истакна дека гранати паѓале на крајбрежниот пат во регионот Таџура, додавајќи дека тоа е единствениот пат што го поврзува Триполи со околните области на истокот од земјата.

Либија од 2011 година се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза, откако од власта беше соборен и потоа и убиен дотогашниот долгогодишен лидер Моамер ел-Гадафи.

Либиската Влада за национално единство, со седиште во Триполи, ја ужива поддршката од Обединетите нации и меѓународната заедница, додека владата на Хафтар, чие седиште е во Тобрук, ги предводи силите поддржани од Русија, но и од Египет и Обединетите Арапски Емирати

Силите на Хафтар во четвртокот соопштија дека е прогласен прекин на огнот во текот на светиот месец Рамазан.

Ахмед Ал-Мисмари, портпарол на либиската национална армија (ЛНА), изјави дека сите воени операции во Либија биле прекинати во текот на месецот на постот, но денеска се појави вест дека е прекиното примирјето.

Коронавирус