сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Предвремени парламентарни избори во Украина

Предвремени парламентарни избори во Украина

Во Украина денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои се очекува партијата на новиот шеф на државата Володимир Зеленски да освои мнозинство гласови.

Анкетите покажуваат дека неговата партија „Слуга на народот“ би можела да добие поддршка од малку повеќе од половина гласачи.

Меѓутоа, само 225 од 424 места во Врховната рада се избираат од партиските листи, додека останатите се самостојни мандати чија распределба би можела да се разликува од јавното мислење.

Зеленски кој беше избран за претседател во мај, распиша предвремени избори, три месеца пред предвидениот датум, бидејќи моментно во парламентот мнозинството го имаат неговите противници што му ги ограничува капацитетите за спроведување реформи.