четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Вести

Предупредување од доктор: Британската мутација на вирусот може да стане доминантна во САД

Предупредување од доктор: Британската мутација на вирусот може да стане доминантна во САД

Мутацијата на коронавирусот Б.1.1.7, првпат откриена во Велика Британија, веќе се шири во САД и може да стане доминантна во земјата, изјави доктор Ентони Фаучи, шеф на Националниот институт за алергии и заразни болести, јави Си-Ен-Ен.

-Неодамнешното истражување од Велика Британија покажа дека оваа мутација може да биде нешто поубиствена во смисла дека ги прави луѓето повеќе болни и може да стане доминантна бидејќи се чини дека е многу брзо и лесно се шири од човек на човек, изјави Фаучи.

Тој оддаде дека единствениот начин да се спречат мутациите да станат доминантни е да се запре нивното ширење со почитување на мерките за заштита на јавното здравје и вакцинирање што е можно повеќе луѓе што е можно побрзо.

Мутацијата Б. 1.1.7 циркулира во Англија најрано од септември. Според британските научници, таа се шири 30 до 70 проценти полесно од оригиналниот вирус, а тие откриле мутација кај некои примероци од овој вид, што може да му овозможи на Ковид-19 да избегне заштита со антитела.

Досега е потврдена во најмалку 70 земји, вклучувајќи ги и САД. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија