четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 0
home Вести

Пред утрешниот протест на Жолтите елеци: Mакрон бара враќање на мирот во Франција

Пред утрешниот протест на Жолтите елеци: Mакрон бара враќање на мирот во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „враќање на мирот“, бидејќи според него движењето на „жолтите елеци“ повеќе „не е разбирливо за поголем број на луѓе“, непосредно пред утрешните 16-ти протести по ред на движењето, кое бара подобра социјална и фискална правда, јави МИА.

Запрашан од страна на локалните официјални избрани претставници од регионот на Бордо за општата дебата и кои се залагаат за забрана на протестите или за прогласување на вонредна состојба, претседателот Макрон објасни зошто ја отфрли можноста да се забранат протестите на национално ниво.

– Не се прогласува вонредна состојба кога има социјални тензии во својата земја, тоа би било грешка”, одговори претседателот. Што се однесува пак до забраната за протести, тоа, според него, „нема да ги смири тензиите”.

– Земјата има потреба од враќање на мирот, бидејќи ситуација во која живееме не е разбирлива од страна на многумина наши сограѓани, рече претседателот.

Тој не ја отфрли можноста од забрани за протести на локално ниво, како што беше случај во минатото, особено во Рен.

Шефот на француската држава смета дека единствено решение за ставање крај на протестите е „расудувањето и колективниот морал“.

– Секој мора да биде свесен за она што го прави, истакна Макрон. „Санкциите ќе се зајакнат, сега секој мора да се врати на разумот“.

Минатата сабота во Франција протестираа околу 46.000 лица, според податоците на Министерството за внатрешни работи.