сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Пред 38 години ја уби најголемата музичка ѕвезда: Погледнете како денес изгледа убиецот на Џон Ленон

Пред 38 години ја уби најголемата музичка ѕвезда: Погледнете како денес изгледа убиецот на Џон Ленон

На убиецот на Џон Ленон по десети пат му е одбиено барањето да биде пуштен на условна слобода. На затвореното сослушување вчера било одлучено дека тој се уште е непогоден за вклучување во општеството.

63-годишниот Марк Дејвид Чепмен на 8-ми декември 1980-та година го уби членот на популарната музичка група „Битлси“, пукајќи четири пати во неговиот грб, додека Ленон се враќал во својот дом пред Дакота зградата на Менхетн.

Како што пренесуваат американските медиуми, убиецот бил сослушан од група на тројца луѓе кои што уште еднаш одлучиле да не биде пуштен на условна слобода. Чепмен има право уште еднаш да поднесе барање, 11-ти пат по ред за две години, односно во 2020-та година кога ќе има 65 години.

Убиецот на Џон Ленон издржува доживотна казна со можност за помилување после 20 години зад решетки во затворот Атика.

Чепмен тогаш изјавил дека е љубоморен на славата на Џон Ленон и сметал дека тој е обичен измамник. Опсесијата го довела до убиство на музичарот роден во Ливерпул, пред неговата зграда во Њујорк, додека бил со сопругата Јоко Оно.

Чепмен и во 2016-та година поднел барање за пуштање на слобода, но тогаш судијата донел одлука дека поради „природата на злосторството направено со предумисла“, Чепмен е се уште несоодветен за враќање во јавниот живот.

Сопругата на Џон Ленон, неодамна во писмо открила дека се плаши за безбедноста на нивните двајца синови која би можела да биде загрозена доколку Чепмен биде пуштен на слобода. Таа исто така порачала дека Чепмен може да биде на мета на бесните фанови на Џон Ленон.

Покрај тоа, мајката на убиецот, Рејти Бретелер се плаши дека нејзиниот син би можел да ја убие затоа што бил одвоен од неговиот татко. Чепмен често ѝ пишувал на својата мајка од затвор, прашувајќи ја за неговиот татко. Откако неговиот татко починал, но на својата мајка не ѝ испратил ниту едно писмо.