петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Пред 15 години му паднало минаре на глава и се борел за живот: Сега доби 1,2 милиони евра отштета

Пред 15 години му паднало минаре на глава и се борел за живот: Сега доби 1,2 милиони евра отштета

Озгун Шен во февруари 2003-та година излегувал од молитва во една џамија во Измир кога врз него се урнало минарето. Тој веднаш бил префрлен во локалната болница, каде лекарите рекле дека мали му се шансите да преживее.

По неколку операции и отстранување на дел од черепот, тој се опоравил. Но, претрпел тешки повреди на мозокот и не може да зборува.

По несреќата неговото семејство поднело неколку тужби. Првата била отфрлена, бидејќи било утврдено дека минарето само се урнало. Ден претходно, како што е наведено во пресудата, во Измир дувал силен ветер и тој бил причина за уривањето на минарето.

По ова, семејството поднело барање за надомест на штета. По 15 години, судот во Измир донел пресуда.

Џамијскиот одбор на Шен ќе мора да му плати 5 милиони лири, главнина и камата. Според сегашниот курс, тоа е речиси 1,2 милиони евра отштета.

 

Коронавирус