петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 115
home Вести

Пратеникот на Ким Џонг-ун пристигна во Белата куќа

Пратеникот на Ким Џонг-ун пристигна во Белата куќа

Специјалниот севернокорејски пратеник Ким Јонг-чол пристигна во Белата куќа, со што стана највисок официјален претставник на Северна Кореја кој ја посетува резиденцијата на претседателот на САД во последниве 18 години.

Ким на влезот од Белата куќа беше пречекан од шефот на персоналот Џон Кели, по што замина на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Се очекува на средбата Ким Јонг-чол на Тремп да му врачи писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Денешната средба во Белата куќа е во рамки на напорите за одржување на средба меѓу Трамп и Ким, која беше закажана за 12 јуни во Сингапур, но минатата недела ја откажа американскиот претседател.

Последен висок севернокорејски претставник кој ја посети Белата куќа беше Џо Мјонг-рок во 2000 година, кога се сретна со тогашниот американски претседател Бил Клинтон.

Ким Јонг-чол, кој е поранешен раководител на севернокорејската разузнавачка служба, вчера во Њујорк имаше средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

По средбата Помпео изјави дека на разговорите бил постигнат „добар напредок“ во врска со одржувањето на средбата меѓу Трамп и Ким.

МИА

Коронавирус