сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 31
home Вести

Пратениците во Уганда поделиле 25 милиони евра за да си купат нови автомобили

Пратениците во Уганда поделиле 25 милиони евра за да си купат нови автомобили

Властите на Уганда неделава им поделија на своите пратеници околу 25 милиони евра за набавка на автомобили, што предизвика незадоволство во оваа африканска земја, која е сериозно погодена од епидемијата на коронавирусот.

Секој од 529-те пратеници добил по околу 200 милиони угандски шилинзи (околу 48.000 евра).

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, поради големиот број на новозаразени, на 18 јули нареди прекин на патувањата, затворање на баровите, училиштата и црквите во следните најмалку шест недели.

-Неприфатливо е владата да купува луксузни предмети за членови на парламентот, кои, освен тоа, добиваат и месечна плата од над 30 милиони шилинзи (околу 7.000 евра), додека поголемиот дел од населението нема пари за храна, изјави директорката на Унијата за човекови права, Нана Намата.

Поголемиот дел од населението во Уганда прима плата од околу 24 евра, а подобро образованите околу 60 евра.

Лидерот на националниот Форум на невладини организации, Мозес Изоба, изјави дека овие пари претставуваат „морален банкрот“ на државата.

Поради растечкото незадоволство, владата објави дека пратениците имаат право на превоз и дека тоа е дел од долгогодишната традиција.

Коронавирус