четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 2
home Вести

Пратеничка од Мичиген на работа пристигна со вооружена придружба

Пратеничка од Мичиген на работа пристигна со вооружена придружба

Пратеничката во претставничкиот дом на Конгресот на америкаската сојузна држава Мичиген, афроамериканката Сара Ентони на своето работно место пристигна во придружба на вооружена група, само неколу дена откако вооружени белци упаднаа во Конгресот во Ленсинг.

Вооружена група белци демонстрираа против „тиранијата“ на рестриктивните мерки поради пандемијата со Ковид-19, воведени од демократската гувернерка Гричен Вајтмер.

Ентони (36) изјави дека нејзината намера била да укаже на пропустите на полицијата на Мичиген да ја гарантира безбедноста на законодавците за врема на протестот на вооружените белци.

– Кога системот нема да успее да обезбеди целосно безбедност ни преостанува сами да се погрижиме за себе. Без оглед дали си црнец и демократски претставник во Претставничкиот дом на Мичиген, стана опасно. Тоа е амбиентот што го создаде претседателот Доналд Трамп, истакна Ентони.

Коронавирус