недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Вести

Прага: Во судир на трамваи повредени 23 лица

Прага: Во судир на трамваи повредени 23 лица

Два трамваи се судрија денеска во Прага, при што се повредени 23 лица, јави ДПА, повикувајќи се на итните служби.

Несреќата се случи во центарот на главниот град на Чешка. Шест амбулантни возила пристигнаа на местото на настанот.

Еден трамвај удрил во задниот дел на другиот трамвај пред една крстосница. Штетата се проценува на 200.000 евра.

Повеќето од повредените се здобиле со повреди на вратот и нагмечувања на ребрата.

МИА