четврток, 4. март 2021. Вести денес: 75
home Вести

Познато колкава ќе биде пензијата на Трамп

Познато колкава ќе биде пензијата на Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции, далеку повредни од парите.

Меѓутоа, ако Сенатот го потврди неговото отповикување, тој би можел да изгуби сè што му следи како поранешен претседател.

„Доколку Сенатот го осуди Трамп и го потврди отповикувањето, очигледно ќе биде потребно уште едно гласање за да му се одбие пензијата и надоместоците што му следат со закон“, објасни Мајкл Герхард, професор по право на Универзитетот во Северна Каролина, јави Си-Ен-Ен.

Другите придобивки што ќе ги добие Трамп, покрај неговата пензија, може да бидат значителни – надоместоците за патувања, канцеларискиот простор и платата на персоналот можат да бидат над еден милион долари годишно за поранешен-претседател. Според анализата на Фондацијата Национална унија на даночни обврзници, од 2000 година вкупно 56 милиони американски долари се обезбедени за привилегии и придобивки на четворицата живи поранешни претседатели.

Коронавирус