петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Познати личности побараа реформи во њујоршката полиција

Познати личности побараа реформи во њујоршката полиција

Ријана, Аријана Гранде, Били Ајлиш, Џастин Бибер и други ѕвезди од американската музичка индустрија, потпишаа отворено писмо, со коешто бараат властите да го поништат членот 50-А од законот за граѓанските права на американската сојузна држава Њујорк.

Од њујоршките законодавни институции, се бара да изготват предлог-закон што ќе ја ограничува несоодветната и прекумерна употреба на сила од полицајците.

„Поттикнати од убиството на Џорџ Флојд и непотребната загуба на животот на толку многу црнци пред него, треба да побараме одговорност од оние кои ја прекршуваат заклетвата да го штитат и да му служат на општеството и да обезбедиме правда за жртвите на насилство”, се вели во отвореното писмо на музичарите до гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.

Натаму, се бара и поголем пристап до податоците за дисциплинарни прекршоци на чуварите на редот.

„Член 50-А го оневозможува целосниот увид на јавноста, заштитувајќи ја историјата на прекршоци од полицијата, што пак, го отежнува доаѓањето до правда и до реформи. Тој член треба да биде изменет неодложно”, се нагласува во писмото.

Коронавирус