четврток, 23. март 2023. Вести денес: 6
home Вести

Позната млада активистка пронајдена мртва: Покрај телото остави само една мистериозна порака (ФОТО)

Позната млада активистка пронајдена мртва: Покрај телото остави само една мистериозна порака (ФОТО)

Една од основачките на феминистичкото движење „Фемен”, 25-годишната Оксана Шачко, е пронајдена мртва во својот стан во Париз.

Активистката на „Фемен”, Ина Шевченко, потврдила дека Оксана се самоубила.

Според објавите на социјалните мрежи, Шачко умрела во понеделникот во својот стан во Париз, а зад себе наводно оставила порака напишана на англиски јазик, која гласи: “Сите вие глумите”.

Оксана, според пишувањето на руските медиуми, во последните две години веќе два пати се обидела да си го одземе животот.

Таа е припадничка на феминистичкото движење “Фемен”, основано во Украина пред 10-тина години, а заштитен знак на протестите им биле голите тела или само голи гради.

За укажување на проблемите во главно користат екстремно сексуализирани перформанси.

loading...