сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Познат првиот кандидат кој ќе се обиде догодина да му ја земе Белата куќа на Трамп

Познат првиот кандидат кој ќе се обиде догодина да му ја земе Белата куќа на Трамп

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден, се очекува да го објави своео учество во трката за претседател на САД на изборите во 2020 година, јави „Ај-Би-Си Њуз“.

Бајден планира в четврток преку видео да ја објави својата кандидатура, а веќе в понеделник да се сретне со синдикалните претставници во Питсбург.

„Волстрит Журнал“ претходно објави за плановите на Бајден да се кандидира за претседател од страна на Демократската партија. Според весникот, поранешниот потпретседател од времето на Барак Обама минатата недела ја споделил својата намера со десетмина свои поддржувачи и побарал нивно спонзорство.

Бајден в четврток ја започнува претседателската трка со нула долари, објави „Њујорк Тајмс“.

Коронавирус