вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Познат идентитетот на монструмот кој уби шест лица во Хрватска: Ова се неговите жртви, се спаси само мало бебе

Познат идентитетот на монструмот кој уби шест лица во Хрватска: Ова се неговите жртви, се спаси само мало бебе

Новинарите на „Јутарњи лист“ биле на полицискиот увид во Брезовица на местото каде шесткратниот убиец извршил самоубиство при неговото апсење.

Такси-возилото „Шкода Октавија“ што го управувал е пронајдено покрај навидум напуштената зграда во областа Брезовица. Порталот дознава дека ужасно злосторство го  извршил Игор Наџ.

Тој убил три жени, двајца мажи и едно 10-годишно дете во четвртокот вечерта на улицата „Радослав Кимерман“ во едно од најтешките злосторства по независноста на Хрватска.

Познати се и имиња на четири жртви: Драгомир Тојагиќ, Јосипа Тојагиќ, Фиjка Тојагиќ и Маја Тојагиќ.

Сестрите Маја и Јосипа беа убиени, а 10-годишниот најверојатно бил син на Маја.

-Бебето, кое е пронајдено неповредено на местото на злосторството, е дете на убиецот кој потоа извршил самоубиство, пренесува Морнинг.