петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот во Санкт Петерсбург беснее веќе 24 часа- загина пожарникар

Пожарот во Санкт Петерсбург беснее веќе 24 часа- загина пожарникар

Руските пожарникари утрово продолжија да го гаснат пожарот што гори веќе 24 часа во историската фабрика во Санкт Петербург, во кој загина еден пожарникар, а тројца се повредени.

„Продолжуваме со гаснење на пожарот. Огнот сè уште гори на 500 квадратни метри”, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Пожарот избувна вчера, од сè уште непознати причини, и брзо се прошири на огромниот фабрички комплекс, пренесува Бета. Пожарот уништи повеќе од 10.000 квадратни метри од историската зграда.

Еден пожарникар загина, а тројца се повредени, од кои двајца се во сериозна здравствена состојба, прецизира руското Министерство.

Рускиот истражен комитет соопшти дека директорот на фабриката и неговиот заменик се уапсени во рамки на истрагата за „небрежност што довела до смрт“ и прецизира дека биле забележани неправилности за време на инспекциите во 2020 и 2021 година.

Станува збор за „најсериозниот пожар во последните 19 години“ што го погоди Санкт Петербург, според локалната интернет страница Фонтанка.

Фабриката Невски, изградена од англиски индустријалец во 19 век, долго време беше една од најголемите фабрики за текстил во Русија и некогашен СССР. Дел од комплексот е сè уште во функција, а остатокот е напуштен или изнајмен како деловен простор.

Фабриката во југоисточниот дел на Санкт Петербург е на списокот на историски споменици на регионот.

Коронавирус