среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 135
home Вести

Пожарникар волонтер обвинет за подметнување пожари во Австралија

Пожарникар волонтер обвинет за подметнување пожари во Австралија

Деветнаесетгодишен волонтер-пожарникар во рурална противпожарна служба на Нов Јужен Велс е обвинет за наводно подметнување седум пожари, соопшти денеска полицијата.

Обвинението за подметнување пожари е поднесено бидејќи повеќе од 100 пожари продолжуваат да беснеат покрај источниот брег на Австралија, при што илјадници пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола.

Тинејџер и воедно доброволец во противпожарната единица биле видени како подметнува пожар во вторникот во близина на Бега, на 590 километри јужно од Сиднеј, по што се вратил за гаснење на пожарите, соопшти полицијата.

Тој е обвинет за подметнување на уште шест пожари од октомври и веднаш беше избркан од волонтерската противпожарна служба.

Командантот на единицата Шејн Фитсимонс рече дека тоа е „ предавство на нашите членови и пошироката заедница“.

Во посебен инцидент, 33-годишен маж беше обвинет за подметнување пожар во вторникот во кој беа уништени четири возила на 200 километри северно од Сиднеј.

Повеќе од 50 лица, повеќето од нив деца, се обвинети за кршење на забраната за палење оган на отворено во Нов Јужен Велс оваа пролет.

Речиси 130 пожари продолжуваат да беснеат во Нов Јужен Велс. Четири лица загинаа, а илјадници домови уништени. Во пожарите загинаа повеќе од 350 коали