четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 132
home Вести

Пожарите во Турција не стивнуваат: На терен голем број екипи, луѓето со црева се обидуваат да спречат огнот да дојде до куќите

Пожарите во Турција не стивнуваат: На терен голем број екипи, луѓето со црева се обидуваат да спречат огнот да дојде до куќите

Неколку шумски пожари беснеат во Анталија, популарното туристичко место во Турција, додека ветерот го шири пламенот кон населените подрачја.

Пожарникарските екипи и натаму се обидуваат да ги изгаснат пожарите во Манавгат од земја и до воздух, а жителите со црева се обидуваат да спречат огнот да се доближи до нивните домови.

-Ова е се што можеме да направиме. Се обидуваме да спречиме пожарот да дојде. Ако огнот дојде до нашите куќи ќе изгориме. Овде доживуваме пекол, вели локалниот жител Мехмет Али Арслан.

Со маици и останати ткаенини тие ги прекриваат лицата за да избегнат последици од вдушување на димот.

Штабот за катастрофи и вонредни ситуации известил дека Министерството за здравство во зафатената област има испратено 19 возила на Итната помош, шест припадници на спасувачките екипи и мобилно командно возило.

Во напорите за гаснење на пожарот вклучени се еден авион, еден дрон, 19 хеликоптери, 192 пумпи за вода, 960 луѓе и 30 возила за снабдување со вода.

Населението се евакуира, а многу куќи, фирми, земјоделско обработливо земјиште и возила се оштетени. Подготвен е и капацитет за сместување на 1.300 лица доколку за тоа има потреба.

Коронавирус