сабота, 28. март 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Пожарите и климатските стравови го уништуваат австралиското лоби за јаглен

Пожарите и климатските стравови го уништуваат австралиското лоби за јаглен

Шумските пожари и поплави го загрижија населението во Австралија поради глобалното затоплување и затоа рударското лоби во Австралија е под притисок да се откаже од поддршката на инвестирање во нови рудници за јаглен.

 Скоро третина од акционерите на најголемата светска рударска компанија „БХП Груп“ минатата година гласаа за резолуција на членство во индустриски групи кои застапуваат политики спротивни на Парискиот климатски договор, чија цел е ограничување на глобалното затоплување „значително под“ два степени Целзиусови.

Сезоната на шумските пожари во Австралија поттикна бес во јавноста кон моќните лобистички групи кои ги подржуваат новите рудници со јаглен, како Советот за минерали во Австралија и Советот за минерали во Нов Јужен Велс и нивните блиски врски со премиерот Скот Морисон.

Климатолозите истакнаа дека отворање нови рудници за јаглен во Австралија само ја спречува земјата да ги исполни условите за емисиите договорени според Парискиот договор.