четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 109
home Вести

Пожар во зграда: 6 лица загинаа, 10 повредени- ова е честа појава во Њу Делхи

Пожар во зграда: 6 лица загинаа, 10 повредени- ова е честа појава во Њу Делхи

Шест лица загинаа, а десет се повредени при пожар во четирикатна станбена зграда во индискиот главен град Њу Делхи.

Во гаснењето на пожарот, кој избувна во два часот по полноќ, учествувале осум пожарникарски возила. Засега се уште не е позната причината за огнената стихија.

Пожарите се честа појава во зградите во Индија, бидејќи инвеститорите речиси воопшто не ги почитуваат законите и безбедносните норми.

Во февруари оваа година 17 лица загинаа при пожар во хотел во Њу Делхи, кој избувна во илегално изградена кујна на покривот од шесткатницата.