понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Вести

Пожар во хотел во Одеса

Пожар во хотел во Одеса

Најмалку осум лица загинаа во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти Украинската служба за вонредни ситуации.

Во соопштението се наведува дека 10 лица се спасени во пожарот, кој избувна на вториот кат во хотелот „Токио Стар“.

На самото место веднаш се испратени 65 спасувачи и 13 пожарникарни возила, а покрената е истрага со цел да се утврди причината за трагичниот инцидент.