петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Пожар во фабрика за преработка на отпад во Рим, можно е чадот да е отровен

Пожар во фабрика за преработка на отпад во Рим, можно е чадот да е отровен

Властите во Рим упатија апел до жителите да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор поради големиот пожар во фабриката за преработка на отпад, од кој голем дел од италијанскиот главен град е прекриен со густ чад.

Постои опасност чадот да е отровен.

Градското собрание ги повика жителите да не јадат храна што расте околу фабриката, а училиштата им препорачаа на родителите да не ги пуштаат своите деца надвор.

Пожарот во фабриката, која се наоѓа на северната периферија на градот, избувнал ноќеска. Противпожарната служба соопшти дека огнот бил локализиран, но сѐ уште не е целосно изгаснат.

Според локалните власти, не постои сериозна опасност за здравјето на населението.

Причината за пожарот се истражува.

Како што јавија локалните медиуми, тоа може дополнително да ја влоши состојбата со собирањето на ѓубрето во Рим.

МИА

Коронавирус