сабота, 15. август 2020. Вести денес: 77
home Вести

Пожар во фабрика во Њу Делхи, 43 жртви

Пожар во фабрика во Њу Делхи, 43 жртви

Најмалку 43 лица загинаа денеска во пожар во шесткатна фабрика во Њу Делхи, кој избил додека работниците спиеле, соопштија владини претставници.

Според наводите на локалните медиуми, фабриката произведувала чанти и голем дел суров материјал се наоѓал во магицините во објектот, каде пожарот брзо се проширил.

Спасени се повеќе од 50 луѓе, а повредените се пренесени во четири болници, соопшти противпожарната служба во индискиот град, додавајќи дека речиси 30 пожарникарни возила се испратени на местото на несреќата.

Засега не е позната причината за пожарот.

Коронавирус