среда, 18. септември 2019. Вести денес: 74
home Вести

Пожар во болница во Дизелдорф – еден загинат и десетици повредени

Пожар во болница во Дизелдорф – еден загинат и десетици повредени

Еден човек на возраст од 77 години загина и десетици се повредени во пожар во болница во Дизелдорф, јави ДПА.

Од повредените седуммина се во животна опасност. Шеесет и еден човек се пожалиле на болки поради вдушување чад.

Причината за пожарот засега е непозната.

Пожарот почнал да се шири од болничката соба во која било најдено неговото тело.