недела, 16. декември 2018. Вести денес: 76
home Вести

Пожар во болница на Тајван, најмалку 9 загинати

Пожар во болница на Тајван, најмалку 9 загинати

Најмалку девет пациенти загинаа, десет се во тешка здраствена состојба, а шест се полесно повредени во пожар  што изби во болница во северниот дел на Тајван.

Пожарот изби на седмиот кат, каде биле сместени 33 критични пациенти.

– Повеќе од 20 пациенти се испратени во други болници, соопшти градската управа на Синбеј.

Огнот бил изгаснат за еден час, а истрагата за причината за пожарот е во тек.