сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Пожар пустоши низ Калифорнија – горат и првите куќи во близина на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Пожар пустоши низ Калифорнија – горат и првите куќи во близина на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Големите пожари што веќе два дена пустошат во Калифорнија, се приближуваат и до првите куќи во Лос Анџелес , а веќе изгореа десетици во Кенјон Каунти.

Силниот ветар бргу го шири пожарот што принуди евакуацијата на повеќе од четириесет илјади жители од областа. Иако ветерот денеска е нешто послаб, локалните власти ги предупредија жителите да не се водат според временските услови, бидејќи метеоролозите најавија дека ќе продолжи да се засилува по затишјето и навреме да се евакуираат.

Ширењето на пожарот е поттикнато и од релативно високите температури кои достигнуваат 32 Целзиусови степени.

Минатата година во истиот период во пожарите загинаа најмалку 85 лица.

Овој пожар избувна во четвртокот попладне во близина на градот Санта Кларита и зафати околу четири илјади хектари.

Коронавирус