Две жени се потешко повредени кога скокнале од шестиот кат на хотел во Измир откако во него избил пожар, пренесоа турските медиуми.
Жените скокнале врз автомобил паркиран пред хотелот, а другите гости од хотелот безбедно се евакуирани, пренесува АП.
Како што се наведува, пожарот брзо е ставен под контрола, а за сега не се знаат причините за избувнувањето.