сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 75
home Вести

Пожар избувна во патнички воз во Германија

Пожар избувна во патнички воз во Германија

Пожар избувна претпладнево во патнички воз, што сообраќал на реалција од Франкфурт кон Келн.

Германските власти соопштија дека при пожарот нема повредени и дека сите 510 патници од возот биле на време евакуирани.

Пожарот, кој зафатил два вагона од композицијата, се случил во близина на германскиот град Дирдорф.

Поради пожарот во прекин е железничкиот собраќај низ оваа пруга, а времено беше затворен и автопатот А3, што минува во близина, бидејќи чадот ја ограничувал видливоста.

Причините за пожарот засега не се познати.